1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Повторно предупредувачки штрајкови во Германија

Во Германија започна вториот бран предупредувачки штрајкови во јавниот сектор. Во текот на целата недела за повисоки плати ќе се штрајкува во различни германски покраини.

Berlin/ Streikende Mitarbeiter der Berliner Verkehrsbetriebe (BVG) stehen am Samstag (18.02.12) in Berlin vor einem Betriebshof der BVG neben einem Linienbus in dessen Windschutzscheibe ein Plakat mit der Aufschrift Heute Warnstreik! klebt. Der Warnstreik bei der BVG hat am fruehen Samstagmorgen den Bus-, U- und Strassenbahnverkehr in der Hauptstadt lahmgelegt. Seit 4.00 Uhr sind nach Angaben der Gewerkschaft ver.di rund 5.000 BVG-Beschaeftigte der Frueh- und Mittagsschicht in den Ausstand getreten, um ihre Forderungen in der laufenden Tarifrunde zu bekraeftigen. (zu dapd-Text) Foto: Philipp Guelland/dapd

Warnstreik in Deutschland

Во текот на денешниот ден (19.03) од штрајкот ќе бидат погодени покраините Долна Саксонија и Бремен, каде нема да функционираат јавниот превоз, детските градинки и комуналните служби. Во вторник следуваат предупредувачки штрајкови во покраините Баварија, Баден Виртемберг и Хесен, а в среда цел ден ќе штрајкуваат вработените во јавниот сектор во покраината Северна Рајна Вествалија. Првите предупредувачки штрајкови на вработените во јавниот сектор ширум Германија кои бараат зголемување на платите за 6,5 насто беа одржани на почетокот од месецов. Работодавачите - сојузната, покраинските и општинските управи, минатата недела им понудија на вработените во јавниот сектор зголемување на платите од 3,3 отсто за следните две години, што е под барањата на синдикатите.

Работодавачите сметаат дека барањата на синдикатот на вработените во јавниот сектор Вер.ди за зголемување на примањата од 6,5 отсто за два милиона вработени во јавниот сектор за оваа година се нереални со оглед на забавувањерто на економскиот раст.

Автор:СН/ЖА/дпа/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска