1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повторно преговори за иранските нуклеарки

Меѓународната агенција за атомска енергија денеска (08.06) во Виена ќе води разговори со Иран околу контролата на неговите спорни атомски постројки.

Целта на разговорите е договор кој ќе им овозможи на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија да добијат пристап во иранските нуклеарки, вклучително и воената постројка Паршин кај Техеран, која се смета за можна локација за сомнителни активности. Повеќе западни влади го обвинуваат Ирн дека под плаштот на цивилна атомска програма всушност тајно работи на создавање атомска бомба. Техеран ова постојано го негира.

Лидерите на Русија, Кина и четири централно-азиски држави, инаку, се противат на примена на сила во решавањето на проблемот со нуклеарната програма во Иран. Причина за тоа е стравот од загрозување на стабилноста во регионот и светот.

„Какви било обиди да се реши иранскиот проблем со сила се неприфатливи и би можеле да доведат до непредвидливи околности, кои ја загрозуваат стабилноста и безбедноста во регионот, како и во целиот свет“, стои во писмената изјава потпишана на крајот на деновиве одржаниот самит на Шангајската организација за соработка.

Учество на самитот во Пекинг зеде и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, обвинувајќи ги западните сили дека сакаат да загубат време во нуклеарните преговори и оти откажуваат подготвителни средби, пред состанокот во Москва на 18-ти и 19-ти јуни.