1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повторно пакет - идеи за името

Медијаторот во грчко македонскиот спор околу името, Метју Нимиц, наместо нов конкретен предлог повторно излезе со пакет мерки. Македонските извори се‘уште не го коментираат предлогот, Грција не е многу задоволна.

default

Нимиц попушти под грчкиот притисок?

Уставното име, Република Македонија, за внатрешна употреба, Северна Македoнија за меѓунарoдните организации и препорака од Советот за безбедност на ОН земјите членки да го прифатат новото договорено име. Ова е суштината на новиот предлог на медијаторот Метју Нимиц, кој тој, по грчкиот притисок, го нарече пакет идеи.

Македонските извори се‘уште не ги коментираат деловите од предлогот, но за нив особено е спорен делот кој го покрива опсегот на употреба на името.

Откажување од уставното име?

Резолуцијата на ОН, со која земјите ќе бидат повикани да го прифатат новото име, ќе значи дека Македонија сама се откажала од името, по што е логично земјите членки да ја прифатат сугестијата на Светската организација. Спорна и ризична за Македонија е и варијантата, со која во графата за јазик во ОН ќе стои македонски, а Македонија допрва треба да се бори во графата за националност да стои Macedonian, наместо граѓани на Република Северна Македонија, како што според сегашната процедура, треба да стои Македонија да прифати ново име. Никој не може да гарантира дека дури и за јазикот Грција нема да прави опструкции.

Mazedonisch-griechisch Verhandlungen Namenstreit in Ohrid

Нимиц со македонскиот преговарач Димитров и грчкиот Василакис

Преговорите ќе продолжат

Очигледно уморниот Нимиц, кој 15 години е инволвиран во спорот вчера (08.10.2008) рече дека преговорите нема да прекинат ако за две недели не добие позитивни одговори од Скопје и Атина.

Една од новините, која е различна од она што досега беше тема на разговор е и предлогот, според кој Македонија ќе мора да ги смени пасошите. Предлогот предвидува во пасошите да стои уставното име на Македонија напишано на кирилица и новото евентуално име Северна Република Македонија напишано на три други јазици. Ова е решение кое ни оддалеку на предлогот на Нимиц не му дава промакедонски атрибути. Негативни реакции има и од Атина, во дел има поместувања што ги задоволуваат грчките апетити, но сепак тие не се дооволни за неговото прифаќање.

DW.COM