1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Повторно нападната Златната џамија во Самара

*

Во ирачкиот град Самара повторно е извршен напад врз прочуената Златна џамија, која за едно од најважните шиитски светилишта во светот . Според наводи на полицијата, во експлозијата целосно биле уништени две минариња на џамијата. На истата џамија, во февруари 2006 година, во бомбашки напад, и‘ беше уништена златната купола. Одговорноста за последниот напад ја презедоа сунитски екстремисти кои имаат врска со Ал Каеда. Како реакција на нападот во Самара , ирачката влада воведе полициски час во главниот град Багдад.