1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Повторно намален кредитниот рејтинг на Италија

Рејтинг агенцијата Мудис денеска го намали кредитниот рејтинг на Италија за два поени, на Баа2 и предупреди дека истиот може дополнително да биде намален доколку економската ситуација продолжи да се влошува.

По овој потег на Мудис, италијанскиот кредитен рејтинг се наоѓа само два поени над статусот „безвреден“, што би можело да придонесе за пораст на веќе и онака високите задолжувања на оваа земја на финансиските пазари.

Агенцијата го намали и максималниот рејтинг кој може да им биде доделен на издавачите на обврзници во Италија, и тоа од досегашните Ааа на А2. Агенцијата потенцира дека Италија е соочена со растечките финансиски проблеми, со оглед на својата висока задолженост и значајните годишни потреби за финансирање, кои за периодот 2012-2013 година ќе достигнат до 415 милијарди евра.

Мудис очекува понатамошно влошување на состојбите во стопанството, проценувајќи пад на годинешниот БДП за два отсто, со што се доведува во прашање, дали земјата ќе успее да ги оствари своите финансиски цели.