1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Повторно нагоре!

Американската емисиона банка гледа се‘ повеќе знаци за скорешно излегување од рецесијата на најголемата национална економија во светот. Во Германија, рецесијата исто така ја загуби јачината.

default

Повеќе од еднаипол година откако почна најтешката рецесија во последните децении, американската економија почнува да се опоравува, а ситуацијата на финансиските пазари во изминатите недели се стабилизира, проценува американската емисиона банка во Вашингтон. Ваквиот развој буди очекувања дека американската економија наскоро повторно ќе бележи позитивни стапки на пораст.

Според емисионата банка, и натаму не постои причина за претерана сигурност. Економските активности ќе останат слаби уште одредено време. Домашната потрошувачка - инаку по традиција главниот столб на американската конјуктура - се стабилизирала, но и натаму останува ограничена поради зголемувањето на невработеноста, стагнацијата на примањата и отежнатите услови за добивање кредит.

Ein Dollar Schein

И покрај сигналите за постепено опоравување на конјуктурата, американската емисиона банка не ја покачи каматната стапка и таа останува на нивото од 0,00 до 0,25 проценти. Од Вашингтон се вели дека оваа стапка ќе остане уште подолго време. Позитивниот извештај на американската емисиона банка, вчера (12.08.09) позитивно се одрази врз американските берзи. На Вол стрит во Њујорк, Дауџонс индексот се покачи за 1,3 проценти.

Мал, но важен пораст во Германија

Германскиот завод за статистика во Визбаден денеска ги објави официјалните податоци за развојот на стопанството во Германија во вториот квартал годинава. Според нив, брутодомашниот производ во Германија од април до јуни се зголемил за 0,3 проценти, во споредба со претходниот квартал. Претходно четири квартали последователно, германското стопанство бележеше пад.

Експертите претходно предвидуваа дека германската економија, во вториот квартал годинава, ќе забележи мал пад. Министерот за економија Карл Теодор цу Гутенберг, сметаше дека е можно да се постигнат истите вредности како во претходното тромесечје.

Според проценките, интензитетот на рецесијата во Германија значително опаднал. Во првиот квартал, стопанскиот развој забележа пад од 3,8 проценти, што е најголем регистриран пад на стопанството откако се води статистиката, од 1970 година.

Автор: АТ/ГЧ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM