1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повторно манипулации со донирани органи

Скандалите со трансплантација и донација на органи силно се одразија врз подготвеноста за донирање. Сега на виделина излегува нов случај со манипулација од Лајпциг.

Откако беа констатирани нерегуларности при донирањето на органи во повеќе германски клиники, сега се открини манипулации и на универзитетската клиника во Лајпциг. Поради погрешни податоци за пациентите, на кои им била потреба трансплантација на црн дроб, директорот на Центарот за трансплантација и двајца главни лекари се пратени на принуден одмор, соопшти клиниката.

Недозволена предност

Symbolbild Organspende Ausweis

Кај Германците опадна подготвеноста за донирање органи

За пациенти кои чекаа на трансплантација на црн дроб, се внесени погрешни податоци, за тие да добијат повисоко место на листата на чекање за доделување на органи на Еуротрансплант, соопшти вчера медицинскиот управен директор на универзитетската клиника во Лајпциг (01.01) Волфганг Флајг. Пациентите, според историјата на болеста, биле претставени дека се поболни, отколку што била нивната вистинска здравствена состојба. За речиси 40 лица биле испртени податоци до Еурпотрансплант дека се пациенти на дијализа, за да се зголемат нивните шанси за добивање дониран орган.

Флајг појасни дека кога еден пациент во напредна фаза на болеста мора редовно да подлежи на прочистување на крвта поради пречки во функцијата на бубрезите, тоа се смета за дополнително укажување колку е итно неопходна трансплантацијата на црниот дроб. Дали лекарите за фалсификување на историјата на болеста примале противуслуги, не е познато.

Контролите покажуваат резултат

Нерегуларностите на клиниката во Лајпциг беа откриени преку контрола од страна на Комисијата за проверка и надгледување на лекарската комора, германското болничко здружение и сојузот ГКФ. Случаите мораат детално да се проверат, се вели во соопштението за печат на двете комисии. Тие од септември 2012 година во центрите за трансплантација на органи во Германија ги истражуваат прекршувањата на правилата и впечатливите случаи. На универзитетската клиника во Лајпциг листите на пациентите на Центарот за трансплантација ги проверува и внатрешна ревизија.

Манипулации при доделувањето на донирани органи беа откриени минатото лето, прво на универзитетската клиника во Гетинген, а потоа исто така и во Регенсбург и во Минхен. Реакцијата на граѓаните беше брза - подготвеноста за донирање органи значително се намали.

Фондацијата Еуротрансплант, како сервисна организација, е одговорна за распределба на донираните органи според медицински и етички критериуми во седум европски земји. Покрај Германија, таа дејствува и во Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Хрватска и Словенија. На ова подрачје живеат околу 125 милиони луѓе.

Еуротрансплант тесно соработува со организациите за донирање органи, трансплантационите центри, лабораториите и болниците. Распределбата на органи, според целта на фондацијата, треба да се базира исклучиво на медицински и етички принципи.