1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повторно киднапиран германски државјанин во Јемен

Во Јемен повторно се случи киднапирање на Германец. Киднаперот бара ослободување на двајца негови синови во замена за слободата на Германецот. Германската амбасада во Сана бара расветлување на случајот.

Министерството за надворешни работи во Јемен денеска (02.02.2014) соопшти дека пред два дена, во петокот, 60-годишниот германски државјанин бил грабнат во главниот град Сана. Тој сега се наоѓа во некоја област на источно од градот. Киднаперот бара од јеменските власти да ослободат двајца негови приведени синови.

Јеменскиот министер за надворешни работи Абу Бакр ал-Кирби разговарал со германски дипломат во Сана за „тековните напори на Министерството за внатрешни работи и на безбедносните сили да се осигура безбедно ослободување и изнесување на киднаперот пред лицето на правдата“, информираше државната новинска агенција Саба.

Инцидентот го потврди и Министерството за надворешни работи во Берлин. Од оваа институција информираат дека германската амбасада во Сана го испитува случајот и соработува со јеменските власти за негово расветлување. Се проценува дека ова, како и други киднапирања во Јемен, немаат идеолошка или религиозна позадина.

Во Јемен досега повеќе Германци беа жртви на насилство. На 06.10.2013 година германски државјанин беше застрелан во населба во Сана. На 05.12.2013 година двајца Германци беа жртви на терористички напад во главниот јеменски град.

Германското Министерство за надворешни работи на својата вебстраница предупредува да не се патува во оваа земја, во која има нестабилност по речиси тригодишните политички превирања.

Во минатите 15 години во Јемен се киднапирани повеќе стотици луѓе, најчесто од страна на припадници на племиња, кои нив ги користат во решавањето на споровите со владата. Речиси сите беа ослободени без повреди. Странци во земјата киднапираат и милитантите на Ал Каеда, но таквите инциденти се ретки.