Повторно земјотрес на Суматра | Вести | DW | 20.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Повторно земјотрес на Суматра

*

Силен земјотрес повторно го потресе индонезискиот остров Суматра, но засега нема информации за жртви и евентуална штета. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала бил 76 километри под вода. Истата област минатата недела ја погоди земјотрес со јачина од 8,4 степени според Рихтер, во кој загинаа најмалку 23 лица и беа уништени неколку илјади куќи.