1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Повторно е време за купување недвижности

Кога настапи финансиската кризата во Ирска цените на недвижностите паднаа драматично. Пазарот целосно се урниса. Но, се чини дека она најлошото помина, барем во ирскиот главен град Даблин.

Толстој напишал дека сите среќни семејства се среќни на ист начин, а дека секое несреќно семејство е несреќно на свој начин. Се чини дека истото важи и за европските земји кои ги зафати финансиската и должничката криза. Во Ирска, на пример, за колапсот на најважните банки, а со тоа и државните финансии, одговорен беше пренапумпаниот градежен пазар. Кога настапи кризата цените на недвижностите паднаа драматично, за повеќе од половина. Пазарот целосно се урниса. Но, се чини дека она најлошото помина, барем во ирскиот главен град Даблин. Повторно има куќи, станови и канцелариски простори по поволни цени. Затоа бројни инвеститори сметаат оти е дојдено време повторно да се купуваат недвижности.

Цените повторно растат

Многу згради направени со евтини кредити во време на градежниот бум, сега стојат како споменици на финансиската криза. Од 2008 наваму инвеститорите и сопствениците на куќи се соочија со загуба до 65 проценти од вредноста на своите недвижности. Но, сега повторно се чувствуваат позитивни придвижувања на пазарот. Во Даблин, за прв пат по 5 години, повторно растат цените на недвижностите. Се враќаат посебно странските инвеститори.

„Даблин е еден од европските главни градови, зборуваме англиски, Американците тука се чувствуваат добро, користиме евро кое и покрај сите проблеми и понатаму е една важна глобална валута. Освен тоа, нашиот даночен систем е атрактивен за инвеститори кои овде не мораат да плаќаат данок на добивка од недвижности. Има, значи, многу причини.“, вели Данкан Листер од фирмата Лисни недвижности.

Од нација на должници во нација на штедачи

Еден трговски центар на топ локација во Даблин чека инвеститор кој е подготвен да плати 10 милиони евра. Изградбата чинеше преку четирипати повеќе. Иако е тешко да се добијат кредити, ирските фирми за посредување во продажбата на недвижности воочуваат јасно подобрување на трендот кај станбените објекти. Под ирските душеци очигледно има повеќе пари отколку што се претпоставуваше. Данкан Листер илустрира со податоци: „Во 2012. година на луѓето кои плаќаа во готово им продадовме повеќе куќи од кога било порано во историјата на нашата компанија, а тоа значи од 30-тите години. Во 43 насто од случаите минатата година купувачите не земаа кредит.“
Нацијата на должници очигледно се претвора во нација на штедачи. Но, нов бум не се очекува: според проценките на ирската Централна банка, цените на недвижностите дури за 22 години повторно ќе го достигнат нивото кое го имале пред кризата.