1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повторно во височините на Њујорк

Повеќе од десет години по терористичките напади во кои беа уништени Кулите-близначки, Светскиот трговски центар повторно е највисоката точка на Њујорк.

Кулата еден достигна височина од 387 метри и го надвиши Емпајер стејт билдинг. Работниците вчера ја прицврстија челичната потпора на досега највисоката точка на зградата на новиот Светски трговски центар така што е повисока од Емпајер стејт билдинг за шест метри. Новата зграда се гради на местото на кое се наоѓаа Кулите-близначки, на јужниот дел од Менхетен и ќе биде завршена најдоцна до почетокот на 2014-та година со вкупна височина од 541 метар. Тоа е еквивалентно на висина од 1776 стапки, симбол за годината кога е прогласена независноата на САД.

„Њујорк повторно расте до новите височини“, изјави градоначалникот Мајкл Блумберг говорејќи за новата фаза на изградба.

„Новото напредување на Светскиот трговски центар укажува на силата и одлучноста на граѓаните на Њујорк и на тежнеењето на градот нагоре“.

Еден од највисоките светски облакодери

Новиот столб на Граунд зиро, познат као Столб на слободата, ќе има 104 ката и ќе се извишува високо во небото над Њујорк. Кога ќе биде завршена, стаклената зграда со 541 метар ќе биде една од највисоките облакодери во светот. Таа ќе биде повисока и од Кулите-близначки уништени во терористичките напади на 11. септември 2001. година. Непосредно покрај Кулата еден се градат уште два облакодери, во кои ќе се наоѓаат канцеларии и продавници. Највисокиот објект во светот сепак останува Бурж Калифа во Дубаи, со височина од 828 метри.