1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Повторно без датум за почеток на преговорите со ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ го донесе заклучокот за Самитот на Европскиот совет во однос на предлогот за почеток на пристапните преговори со Македонија, во кој стои дека „ЕУ ќе се врати на ова прашање во 2014 година”.

Македонската новинска агенција МИА од Брисел пренесе дека еврокомесарот за проширување Штефан Филе и претседавачот со Советот за општи работи (ГАК), Линас Линкевичиус, на синоќешната (17.12) прес- конференција по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ потврдиле дека е забележан напредок во Македонија, но притоа признавале дека поради недостиг на консензус во ЕУ, земјата и овојпат останува без датум за почеток на преговорите за членство.

Во клучниот, четврти параграф од заклучоците за Македонија се наведува : „Советот силно ја дели проценката на Еврокомисијата дека политичките критериуми продолжува доволно да се исполнуваат и ја нотира препораката на Комисијата за отворање на пристапните преговори со БЈР Македонија. Со цел можна одлука на Европскиот совет за отворање на преговорите со БЈР Македонија,

Советот ќе се врати на прашањето во 2014 година, врз основа на ажурирање од страна на Комисијата за понатамошното имплементирање на реформите во однос на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), вклучително и имплементација на политичкиот договор од 1 март и опипливи чекори за промовирање на добрососедски односи и да постигне спогодбено и заемно прифатливо решение за прашањето за името - се наведува во клучниот заклучок на Советот за Македонија.

Во предлог-заклучокот, параграф 3 за Македонија, а во однос на предлогот за можно отворање на преговорите во 2014 година, министрите за надворешни рбаоти на земјите-членки го предлагаат следното: „Како што е утврдено во заклучоците на Европскиот совет од јуни 2008 година и заклучоците на Советот за општи работи и Советот за надворешни во декември 2008. година, одржување на добрососедски односи, вклучувајќи договорно и заеднички прифатливо решение за прашањето за името, под покровителство на Обединетите нации - останува од суштинско значење. Постои потреба да се донесат долготрајните разговори за прашањето за името до дефинитивен заклучок, без одлагање. Советот ги зема предвид последните контакти со посредникот на ОН, а во светлината на целокупната важност за одржување на добрососедски односи. Советот го забележува продолжувањето на контактите на високо ниво меѓу Македонија и Бугарија и очекува нивно преведување во конкретни акции и резултати“, се вели во овој заклучок.

Синоќешните заклучоци на шефовите на дипломатии на ЕУ-земјите во рамките на Советот за општи работи на ЕУ се конечни и тие во утре и задутре ќе бидат само формално усвоени на Самитот на Европскиот совет од страна на шефовите на државите или на владите на земјите-членки на Европската унија.