1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повторни напади во Сирија

Во Сирија бомба експлодираше во непосредна близина на конвој на ОН, во кој се наоѓал и шефот на набљудувачката мисија на ОН.

Како што јавува Ројтерс, возилото на генералмајорот Роберт Муд запрело на контролен пункт на војската во Дума, предградие на Дамаск, кога на далечина од 150 метри експлодирала бомба. Нема информации за ранети.

Најмалку 48 лица беа убиени вчера во Сирија, од кои 34 при артилериско гранатирање на населбата Суране, во централната провинција Хама, според Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

По бомбардирањето, што траело три часа, владините војници упаднале во населбата. Меѓу убиените има најмалку три деца.

Во вчерашните напади на владините сили во другите делови на земјата беа убиени шестмина цивили крај Дамаск, во Алепо, Хомс и Хама.

Хама важи за едно од упориштата на отпорот против сирискиот претседател Башар ал Асад, што започна пред една година. Во конфликтот досега загинаа повеќе од 12 илјади луѓе.

Приближно 260 набљудувачи на ОН се наоѓаат во Сирија за да го следат почитувањето на примирјето, што постојано се прекршува.

Расмунсен: НАТО нема намера да се меша во Сирија

НАТО нема намера да се меша во Сирија за завршување на насилството, но ги осудува репресиите на режимот против населението, изјави генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.

„Ние сме многу вознемирени од ситуацијата во Сирија, но НАТО нема намера да се меша во оваа земја, рече Расмусен на прес конференција во Чикаго на крајот од првиот ден од самитот на Алијансата.

Според Расмусен, најдобриот начин за наоѓање излез од сириската криза е планот на специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига Кофи Анан, што предвидува прекин на огнот.

„Ние решително го осудуваме однесувањето на сириските сили за безбедност и репресиите врз населението и го повикуваме сириското раководство да се сообрази со законските барања на сирискиот народ“, додаде Расмусен.