1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Повторен обид за меѓусебен договор

Власта и опозицијата претпладне се во нов обид да се стигне до двотретинско парламентарно мнозинство за донесување на новиот закон за државен обвинител и да се деблокира политичкиот дијалог.

default

Груевски пак ги собира лидерите Dear Sir or Madam, Macedonian Information Agency - MIA for the needs of DW On-Line is granting the MIA Photo Service free of charge. MIA also give You the right to use the photos for Your needs and purposes. Best regards, Macedonian Information Agency

Премиерот Груевски го иницирал,лидерите на СДСМ Шеќеринска и на ДУИ,Ахмети прифатиле,а веројатно и владеачката ДПА,без оглед што во 14 часот во Тетово го организира митингот „За независно Косово,Македонија членка на НАТО и ЕУ“.Водечката партија меѓу македонските Албанци,сега во опозиција,ДУИ,не го поддржува собирот во Тетово за Косово:

„Жалам што до овој момент не дојде до средба меѓу лидерот на ДУИ и лидерот на ДПА.Иако досега неколку пати лидерот на ДПА,господин Мендух Тачи, имаше испратено и порака,и желба за една таква средба,да се организира заедно и да се приклучат и ДУИ како партија во давање ваква порака“,рече Имер Селмани,министер за здравство од ДПА.

„Целта е многу јасна,манипулирање со чувствата на Албанците во Македонија,“рече Ермира Мехмети од ДУИ.

Блокирана работата на Анкетната комисија

Водачот на ДУИ,Ахмети,на лидерската средба доаѓа со барање да се реализира неговиот политички договор со премиерот Груевски,но средбата околу концептот на изборот и овластувањата на идниот државен обвинител е само дел од политичката агенда која ја форсира и на која инсистира и ЕУ.

Разврската пак на актуелниот парламентарен инцидент и физичките пресметки на пратениците,е блокирана.Анкетната комисија не заседава веќе втор ден,откако Мендух Тачи се закани дека тој и ДПА ќе ја блокираат работата на оваа истражна комисија.

„Очекувам дека господин Тачи ќе свати дека треба овде да работиме во комплетен состав“,реагираше вчера претседателот на Анкетната комисија Стојан Андов.Денесак истекува седмиот ден,рок што Парламентот и го даде на седумчлената Анкетна комисија да утврди кој е иницијатор и е одговорен за инцидентите во Собранието,но и нападите врз новинарите на 26 и 27 септември.