1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Повторени познатите забелешки за слабостите

Евро-комесарот за проширување Оли Рен на денешната конференција за печатот во Брисел ги образложи оценките на Комисијата за земјите претенденти за членство во Европската унија. За ралика од прецизноста во писмениот извештај, Рен на прес-конференцијата за Македонија потроши само една реченица:

Главно за Турција, другите со по една реченица: Оли Рен на пресот во Брисел

Главно за Турција, другите со по една реченица: Оли Рен на пресот во Брисел

„Поранешната југословенска република Македонија породлжи да напредува откако го доби статусот кандидат за члеснтво во минатиот декември, но со побвано темпо„.

За разлика од оваа една реченица на образложението на евро-комесарот за проширување Оли Рен, во текстот на извештајот за Македонија се вели дека е иницирана реформа судството што треба во целост да биде исполнета. Исто така, и процесот на децентрализација оди напред, а земјата проодлжува да игра позитивна политичка улога во регионот. Меѓутоа, мора да вложи повеќе напори во неколку области. Во извештајот притоа се подвлекува потребата од напредок во имплементацијата на Охридскиот договор. Потребен е конструктивен дијалог меѓу партиите за да се обезбеди нормално функционирање на институциите што ќе обезбеди полесно остварување на реформите во полицијата, судството и децентарлизацијата, констатира Европската комисија. Подеднакво е потребен напредок во битката против корупцијата за што е неопходна силна политичка волја.

Кога станува збор за исполнувањето на економските критериуми, Европската комисија во извештајот го констатира напредокот во макроекономската стабилност, како и во контролата на инфалцијата. Меѓутоа, остануваат институционалните слабости како сложените административни процедури, корупцијата и нискиот степен на законската сигурност кои влијаат врз бизнис климата и нормалното одвивање на пазарната економија. Пазарите за работа и финансии функционираат лошо, а сивата економија му нашетува на стопанството.

Европската унија, се вели на крајот од извештајот ќе продолжи финансиски да и помога на земјата. За оваа година на Македонија на располагање и се ставени 43,6 милиони евра, се вели на крајот од извештајот на ЕК.