Повреден полскиот амбасадор во Ирак | Вести | DW | 03.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Повреден полскиот амбасадор во Ирак

*

Во експлозија на бомба во Багдад полесно е повреден полскиот амбасадор во Ирак, Едвард Петржук. Министерството за надворешни работи во Варшава соопшти дека дипломатот веднаш по нападот бил префрлен во американска воена болница во Багдад. Во нападот врз конвојот возила со кои се движела полската делегација загинал еден цивил, а повредени се уште четири лица. Полска во Ирак е присутна со 900 војници.