1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повредени при експлозија во Тел Авив

Во израелскиот град Тел Авив експлодираше бомба. Детонацијата во близина на еден автобус веројатно има криминална позадина.

При експлозија на автомобил-бомба во близина на израелското министерство за одбрана во Тел Авив сe повредени повеќе луѓе. Полицијата соопшти дека експлозијата се случила во близина на автобус. Според портпарол на властите во инцидентот имало седум до десет повредени.

Полицијата проценува дека нападот има криминална позадина. Со „голема веројатност“ се работи за чисто криминален чин, изјави портпаролот на полицијата Мики Розенфелд. Според него би можело да се работи за „расчистување на сметки“, а не дело на Палестинците. Меѓутоа неможе целосно да се исклучи, дека делото е политички мотивирано.

Во непосредна близина на местото на денешната експлозија на крајот на ноември минатата година наводни палестински екстремисти извршија бомбашки напад, при кој беа повредени околу 20 луѓе.