1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Повредени полицајци во немирите во Северна Ирска

Во северно-ирскиот главен град Белфаст се судирја про-британски демонстранти со полицијата. Во безредијата се повредени голем број полициски службеници.

Повредени се вкупно 26 полициски службеници откако беа нападнати со камења, шишиња и други предмети, соопшти полицијата. Пет полицајци мораа да бидат третирани во болница. Силите за безбедност употребија водени топови и гумени куршуми, за да ги растераат бунтовниците. Еден маж ги нападна полицијаците со меч. Предизвикувачите на немирите запалија и повеќе полициски автомобили.

Уште претходната вечер, во делот на градот каде претежно живеат католици дојде до судири и имаше повеќемина повредени. Насилството беше предизвикано откако про-британските протестантски демонстранти сакаа да блокираат улична поворка на католиците. Полицијата презема акција и се обиде да овозможи да се одржи парадата.

Ausschreitungen in Belfast Nordirland

Немири во Белфаст

Годишнина од спорен закон

Со поворката католиците сакаа да ја одбележат годишнината, кога во 1971 година на британските власти им беше доделено правото, да затвораат осомничени лица без обвинение. Ова беше една од најоспоруваните мерки за време на повеќедеценискиот конфликт меѓу католичките републиканци и про-британските протестанти.

Конфликтот заврши во 1998 година. Меѓутоа оттогаш постојано доаѓа до насилство меѓу двете групи. Пред сѐ во главниот град Белфаст е голем раздорот меѓу про-британските протестанти и католиците. Последно во средината на јули имаше тешки немири.