1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Поволна клима за заживување на преговарачката рунда од Доха

Разговори се водени во рамкие на Светскиот економски форум

Давос

Давос

30-ина министри од земји-членки на Светската трговска организација, во која вкупно членуваат 150 држави, на неформална средба во рамките на Светскиот економски форум во Давос разговараа за заживување на таканаречената преговарачка рунда од Доха за либерализација на светската трговија. Во заедничка декларација министрите се искажаа за колку што е можно побрзо заживување на преговорите прекинати лани во јули. Но, на средбата не се донесени обврзувачки заклучоци.

Сепак, еврокомесарот за трговија Питер Менделсон најави дека ЕУ ќе им излезе во пресрет на земјите во развој и оние во подем и ќе ги намали царините за земјоделски производи за околу 50 насто. Досега Унијата нудеше намалување за 39 проценти. Менделсон се надева дека земјите на ЕУ ќе ја подржат неговата преговарачка линија: “Ќќе им кажам дека нема да дојдеме до успешен резултат во преговорите ако бидеме пасивни”. Менделсон својата отстапка ја условува со сооветни потези и од другите трговски блокови.

Индискиот министер за трговија Кмал Нат искажа претпазлив оптимизам по разговорите: "ЕУ покажа флексибилност и сега мораме само да поднесеме конкретни бројки црно на бело. Се надевам дека европската понуда ќе ги охрабри и САД да поднесат нова понуда”. Држави од Г20 - групата на земји во подем искажаа подготвеност да преговараат и за отворање на пазаритена услужни дејности, како и за анти-дампинг правила.

Се чини дека и САД се придвижуваат и најавија отстапки со намалување на субвенциите во земјоделството и на царините.“Пробив во преговорите, кон што сите се стремиме, е можен ако сите засегнати се испружат помалку, отколку што првобитно сакаа” – рече американскиот комесар за трговија.

Во Давос е направен прв и голем чекор. Во наредните месеци ќе се види дали навистина ќе бидат обновени преговорите за либерализација на светската трговија и ќе доведат до конкретни резултати.