1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повлекување на Едвардс и Џулијани

Во трката за наследник на американскиот претседател Џорџ Буш, се проретчува кандидатската листа.Повлекување од внатрепартиските прелиминарни избори објавија Џон Едвардс кај Демократите и Руди Џулијани кај Републиканците

default

Џон Едвардс

Битката за кандидат за претседател на САД , во редовите на Демократската партија се претвора во дуел. Во неа остануваат сенаторката Хилари Клинтон и сенаторот Барак Обама.
Време е да се тргнам настрана
Досега третопласираниот во трката, Џон Едвардс во Њу Орлеанс го објави своето повлекување од прелиминарниот изборен процес. Тој истакна дека на тој начин извлекува консеквенци од неговиот лош пласман на прелиминарните иззбори во четири американски сојузни држави , на кои тој мина низ целта со значително заостанување зад Клинтон и Обама:
„Време е да се тргнам настрана за да може историјата да си го пробие својот пат. Знаеме дека Демократската партија ќе напише историја. Ќе бидеме силни, обединети и со нашите убедувања што ќе ги однесеме во Белата куќа ќе создадеме надеж и можности за оваа земја“
Подршка за својот долгогодишен пријател
Повлекување од трката за кандидат за наследник на Буш вчера имаше и во редовите на Републиканската партија. Поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулијани и официјално го објави своето повлекување. Инаку веќе завчера по лошиот резултат на прелиминарните избори на Флорида, Џулијани најави дека ќе се повлече и навести дека ќе го подржи својот долгогодишен пријател сенаторот Џон Меккејн , кој на гласањето во Флорида освои најмногу гласови. Меккејн завчера покрај победата ја прослави и подршката што ја доби од Руди Џулијани изразувајќи голема благодарност: „Сакам да му се заблагодарам на мојот драг пријател Руди Џулијани, кој го инвестираше своето срце и душа во овие прелиминарни избори и кој покажа големи квалитети на извонреден американски лидер . Ти благодарам Руди. Ти благодарам за се што придодаде кон оваа трка и за тоа што беше инспирација за мене и за многу Американци“ Во исчекување на т.н „супер вторник“
По повлекувањето на Џулијани и во трката за кандидат на Републиканците за американски претседател остануваат двајца кандидати. Меккејн во натамошниот тек на прелиминарните избори ќе се бори против поранешниот гувернер Мит Ромни. Сега на политичката сцена во САД со нетрпение се очекува т.н „супер вторник“, на 5 февруари. Тогаш имено во двете партии ќе се одвива гласање ,истовремено во дури 20 сојузни држави.