1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повлекувањето на рати не е доволно

Во Египет се’ се врти околу прашањето - кога? Дека претседателот Хосни Мубарак ќе се повлече од функцијата се убедени повеќето граѓани. Меѓутоа, египетскиот претседател се обидува да го оддолжи неговото повлекување.

default

Хосни Мубарак најави повлекување, но не веднаш

Египетскиот претседател Хосни Мубарак преку државната телевизија им се обрати на своите сограѓани. Критикуваниот претседател најави дека нема повторно да се кандидира на претседателските избори во септември, но нема да поднесе ниту оставка.

„Прва моја обврска сега ќе биде да ги повратам безбедноста и стабилноста. Во наредните месеци на мојот претседателски мандат ќе преземам чекори за мирно предање на власта“, порача Мубарак.

Тој подвлече дека го овластил неговиот заменик Омар Сулејман да воспостави дијалог со сите политчки сили. „Случувањатата од изминатите денови бараат да се одлучиме меѓу хаосот и стабилноста“, рече 82-годишниот претседател. Тој, истовремено, ја исклучи можноста од егзил. „Оваа земја е мојата татковина, и во неа ќе починам“, рече Мубарак.

Flash Mubarak Anhänger nahe Kairo nach den Zusammenstößen in Alexandria Ägypten

Собраните демонстранти се незадоволни од најавата на Мубарак

Демонстрантите се гневни

Говорот на претседателот не наиде на симпатии кај повеќето опозиционери, кои доцна во ноќта се’ уште протестираа против режимот во државата. Илјадниците демонстранти, кои обраќањето на претседателот го следеа од плоштатот Тахрир во Каиро, беа гневни, оти сакаат претседателот веднаш да поднесе оставка. Неодлучни реформи за нив не се доволни.

„Овој човек не‘ провоцира. Овој човек сака крвопролевање во Египет“, вели еден демонстрант.

По говорот на египетскиот претседател, синоќа став зазема американскиот претседател Барак Обама, кој претходно водел получасовен телефонски разговор со Мубарак.

„Она што вечерва му кажав на претседателот Мубарак е дека сега во неговата земја мора да почне спроведување на организирано, темелно и мирно предавање на власта. Тој согледа дека статус кво ситуација натаму не е одржлива, и дека промените мора да бидат спроведени“, изјави Обама.

Ägypten Kairo Demonstration 1.2.2011

Стотици илјади луѓе од цела земја протестираа во Каиро

Египќаните се решени на промени

Инаку, во Каиро протестираат стотици илјади од целата земја, луѓе од сите општествени слоеви, обединети во надежта за промени.

„Се разбира дека ќе успееме. Ова е револуција. Еден од најважните моменти во историјата на Египет,“ вели еден демонстрант.

Армијата, важен фактор во Египет, како што претходно најави, не презема активности против демонстрантите на вчерашните протести. Во текот на ноќта во Александрија меѓутоа дојде до престрелка меѓу приврзаниците и противниците на Мубарак. Во немирите изминатите денови, според непотврдени информации, загинале 300 луѓе, а преку 3000 се повредени.

Автор: Арно Лист/ Клаус Кастан/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема