1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повици за бојкот на изборите во Кувајт

На парламентарните избори во Кувајт, што се одржаа во февруари, мнозинство освоија партиите-противници на владата. Но, судот го распушти парламентот, па денеска (01.12) се одржуваат нови избори. Се очекува мал одзив.

Во Кувајт денеска се одржуваат нови парламентарни избори. Набљудувачите очекуваат мал одзив на гласачите, зашто исламистите, либералите и со нив поврзаните племенски водачи повикаа на бојкот. Тоа е одговор на, пред шест недели од страна на емирот, извршените промени во правилата за гласање. Така, можно е сите 50 места во парламентот да ги освојат кандидатите верни на владата. На изборите учествуваат 3017 кандидати, меѓу кои и 14 жени.

Излезноста на изборите е важен фактор и според владиниот табор и според опозицијата. Претставник на шиитското малцинство изјави дека при излезност од 40 проценти или помалку, таборот кој е критички настроен кон владата ќе излезе зајакнат. Во февруари беа одржани парламентарни избори, на кои опозицијата освои 36 од 50 пратенички места. Но, овој парламент со одлука на Уставниот суд беше распуштен во јуни.

Уште во петокот (30.11) десетици илјади луѓе со масовни протести повикаа на бојкот на новите избори во Емиратот. Опозицијата тврди дека се тоа најмасовните протести во историјата на земјата. Протестот пред се‘ беше насочен против декретот на шеикот на емиратот, Сабах ал-Ахмад ал-Сабах ( на фотографијата горе).

Демонстрациите одржани со дозвола на власта, според новинските агенции, имале карактер на народен празник: мажи, жени и деца пееле песни и покрај националните знамиња и транспаренти, носеле и балони. Додека над демонстрантите кружеле полициски хеликоптери, покрај поворката не било видливо големо присуство на полицијата.

kuwait, kuweit proteste , opposition

Од протестите на опозицијата

При поранешните недозволени протести полицијата употреби солзавец и чадни бомби.

„Луѓето не се против владетелот“, изјави опозициониот политичар и поранешен пратеник Мусалам ал-Барак. Протестите се пред се‘ насочени против корупцијата и „луѓето кои сакаат да го променат уставот“.

Иако во Кувајт се збранети политичките партии, земјата го има, според дописниците, најотворениот систем меѓу Заливските држави. 50-те пратеници во националното Собрание имаат законодавна функција и можат да ги испрашуваат министрите. Премиерот меѓутоа го назначува емирот, чие семејство веќе 250 години владее со земјата богата со нафта. Од околу 2,7 милиони жители, околу 60 проценти се странци, а бројот на граѓани со право на глас изнесува околу 423 илјади.