1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повиците за бојкот на Еуро 2012 во Украина се множат

Притисокот врз Украина расте. Затворските услови за поранешната премиерка Јулија Тимошенко на Западот предизвикуваат негодување. Дури и спортскиот бојкот повеќе не е табу тема.

Германските политичари го зголемуваат притисокот врз официјален Киев поради информациите околку затворските услови на кои е изложена поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко. Министерот за животна средина Норберт Ретген е првиот член од кабинетот на канцеларката Ангела Меркел кој истакна дека е против тоа политичарите да присуствуваат на фудбалските натпревари во Украина. „Безусловно би морало да се спречи, украинскиот режим да го користи првенството за потврда на својата диктатура“, изјави Ретген за весникот „Билд“ и дополни „Затоа сметам дека посетата на министрите на Европското првенство, не доаѓа в предвид во сегашните околности“. Тој побара од украинската влада веднаш да ја ослободи од затвор Тимошенко.

„И спортистите не треба да се неутрални“

Државниот секретар за развојна помош Гудрун Коп повика дури и на спортски бојкот на Европското првенство во Украина. „Јас пледирам за премествување на натпреварите“, изјави парламентарната државна секратарка во Министерството за развојна помош за весникот „Вестфален блат“. Би требало да се испита можноста, дали сите натпревари можат да бидат одиграни во Полска, или во Полска и некоја друга земја, смета Коп. „Оној кој перманентно ги повредува човековите права, мора да живее со последиците“, појаснува Коп. Исто така и спортистите не треба да бидат неутрални. Владата, Бундестагот, спортистите и спортските функционери мораат заеднички „да се спротистават против ваквите повреди на човековите права“, подвлекува Коп.

Политичарот од редовите на ЦДУ Рупрехт Поленц застана зад политиката на канцеларката Меркел. Во однос на информациите на неделникот „Шпигел“ дека германската влада размислува за бојкот на натпреварите од Европскотот првенство во Украина, Поленц изјави оти се надева, дека овој „силен сигнал“ ќе биде разбран во Киев. Поленц, кој е претседател на одборот за надворешни работи во германскиот Бундестаг, очекува дека многумина ќе го откажат присуството на манифестацијата „Очекувам дека многу претседатели на држави и политичари ќе се најдат на трибините во Гдањск и Варшава, но не и на борилиштата во Укриана“.

Лидерката на украинската опозиција Јулија Тимошенко, која има големи здравствени проблеми со рбетот се наоѓа во затвор на истокот на Украина. Европската унија критикува дека седумгодишната затворска казна за поранешната премиерка и лидерка на опозицијата е политички мотивирана. Тимошенко протестира со штрајк со глад против затворските услови и ги обвинува властите за злоупотреба. Европското фудбалско првенсво започнува за шест недели. Во Украина е планирано да се одиграат 16 мечеви, меѓу нив и финалето на 1 јули во Киев.