1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Повисок данок за богатите во Македонија

Наместо рамен, богатите да плаќаат повисоки даноци од сиромашните! Опозицијата во Македонија бара промени во делот на оданочувањето за надминување на социјалниот јаз. Владата смета дека постојниот концепт е добар

Дали во време на економска криза со поголемо оданочување на богатите треба да им се помогне на сиромашните. Ставовите околу концептот на оданочување на власта и опозицијата во Македонија се дијаметрално спротивни. Според опозициската СДСМ, повисокото оданочување на лицата со поголеми приходи е поправедно решение од социјален аспект и во услови на големо социјално раслојување на општеството ќе го ублажи проблемот. Во оваа партија се залагаат за примена на ова решение што според нив го употребуваат најразвиените земји. Новиот концепт не треба да важи за фирмите, туку исклучиво за поединците, изјави за Дојче Веле потпретседателот на партијата Зоран Јовановски. СДСМ предлага еден вид скалесто оданочување, а собраните пари да се стават во солидарен фонд кој ќе се намени за помош на невработените, или социјално загрозени семејства: 

„За секој оној што има месечни примања во висина до две просечни плати за него ништо не се менува, за оние кои имаат примања поголеми од две просечни плати и се во распон од две до четири, тој во делот што му е над двете просечни плати наместо да плати 10% персонален данок како сега, би платил 12% данок. Оние кои што имаат примања во текот на месецот поголеми од четири просечни плати, во делот над тие четири просечни плати би платиле 15% данок наместо сегашните 10%“, објаснува Јовановски. 

Владата не планира промени

Од Владата сметаат дека нема потреба за промена на концептот, бидејќи постојниот давал добри резултати:

„Владата смета дека воведениот и постоечки концепт на рамен данок е добро

Regierungsgebäude der Republik Mazedonien

Во македонската влада сметаат дека постојниот концепт на рамен данок е добар

решение. Тој концепт според нас е целисходен, добро проектиран и ги постигнува целите кои се проектирани и воведени со неговото воспоставување. Факт е дека по воведувањето на рамниот данок имаме голем број на придобивки, меѓу кои би ги навел зголемувањето на приходите во буџетот по основ на даноци, зголемена е даночната дисциплина и намалена е даночната евазија што постоеше во голем обем кога постоеше на пример скалестото оданочување. Од тие причини Владата смета дека не е потребна промена на моделот на рамен данок и не планира промена на концептот“, изјави за Дојче Веле владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Еден од мотивите поради кој Владата го воведе концептот на рамен данок во Македонија беше да се намалат трошоците на бизнисот и да се привлечат повеќе странски инвестиции. Претходно, имаше три стапки на персонален данок од 15, 18 и 24%, во зависност од висината на примањата на поединците. Со постојното решение, во Македонија плаќаат идентични десет проценти персоналец на месечните примања и оние со плата од десет илајди денари и оние со плата од сто илјади денари. Управата за јавни приходи неодамна соопшти дека највисоката месечна бруто плата во Македонија лани изнесувала 90 илјади евра.