1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повик на светски ден за акција за човекови права

По последните масовни протести во Иран, меѓународните организации повикаа на светски ден за акција за човековите права и слободата на медиумите, кој треба да се одржи на 25 јули.

default

Амнести Интернешенел и Репортери без граници

Луѓето низ цел свет треба да се соберат следната сабота за да ја покажат својата солидарност со иранското протестно движење, соопштија Амнести интернешенл, Репортери без граници, ПЕН клубовите и други организации. Повикот е објавен од Берлин и ја има поддршката на иранската носителка на Нобелова награда за мир, Ширин Ебади. Организациите меѓу другото бараат почитување на човековите права во Иран,

Iran 17_07_2009

Повторно протести во Иран

истрага од ОН за нивното прекршување ослободување на сите политички затвореници и запирање на државно поддржуваното насилство.

Опозицијата повторно се јави

„Слобода за политичките затвореници“ и „Долу владата на измама“, скандираат луѓето. Тоновите се од една видео-снимка, која и покрај цензурата, успеа преку интернет од Иран да стигне во светот. На сликите се гледаат луѓе кои демонстрираат на улиците на Техеран, наводно во време на петочната молитва. Проповедта на ајатолахот Хашеми Рафсанџани повторно ги изнесе луѓето на улица, оти тој е изричит критичар на претседателот на државата Махмуд Ахмадинеџад. Според сведоци, имало стотици илјади луѓе со зелени ленти на раката, шамии на главата или маски на лицето - оти, зелено е боја на опозициониот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави. За разлика од вообичаеното, вчерашната молитва не беше пренесувана на телевизијата, во вестите не беше известувано за неа, ниту можеше да се следи надвор преку звучници. Ограничен беше и приодот кон местото на проповедта - техеранскиот универзитет. Агенциите известија дека теренот бил блокиран во радиус од три километри од универзитетот.

Iran 17_07_2009

Народот ја загубил довербата во раководството

Константин Костен, експерт за Иран од Германското друштво за надворешна политика, ја следеше проповедта.
„Централен исказ беше дека тој за прв пат констатира оти народот во голема мера ја загуби довербата во раководството - досега таква констатација од водечките фигури на Исламската Република немаше. Тој ги повика сите групи да се соединат, а притоа мора да се почитуваат законите на републиката. Тој алудираше и дека во рамките на тие закони веќе не смее да се случува, на пример, цензура на печатот, народот веќе не смее да биде затворан. Тој јасно повика на ослободување на затворените“, пренесува Костен.
Иранскиот писател Навид Кермани, кој живее во бегалство, оценува:
„Севкупно тоа беше обид за воспоставување мост меѓу опозицијата и системот, тој се обиде некако да им даде за право на обете страни“.

Системот е под притисок

Рафсанџани веќе 30 години има врвни функции во Исламската Република и го сметаат за еден од најбогатите луѓе во земјата. Затоа експертот Костен смета дека од Рафсанџани и не можело да се очекува повеќе, на пример да побара нови избори. Навид Кермани мисли дека е маркантен знак што Рафсанџани воопшто можел да држи проповед.
„Целата проповед покажува дека системот е под притисок. Во последните денови и недели има знаци дека врие внатре во земјата“.
Централен поим на шиитскиот ислам е праведноста. А според мислењето на многумина Иранци, во реизборот на Ахмадинеџад за претседател немало ништо праведно.

Автор: ЗЈ/ЖА/ Матијас фон Хајн/дпа/афп/ројтерс
Редактор: Жана Ацеска