1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Повик за прекин на огнот

Денеска во Рим се оддржа меѓународна конференција за кризата на Блискиот Исток. Цел на меѓународната средбата за Либан, на која учествуваа околу 20 земји и организации во прва линија е да се најдат практични решенија за хуманитарна помош.

Блиски Исток

Блиски Исток

Ова е важна средба и верувам во прва линија важноста е во квалитетот на учесниците. САД, Канада, Европа и нејзините институции и многу сигнификантна група на арапските и исламските земји.“ рече италијанскиот министер за надворешни работи Масимо Д’алема, домаќин на конференцијата за Либан на која Д’алема побара и прекин на огнот.

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан побара од Израел и радикално – исламистичките милиции на Хезболах веданаш да ги прекинат борбените дејствија на Блиакиот Исток. Израел мора да ги прекине нападите, блокадите и копнените офанзиви врз Либан, рече Анан во Рим. Од Хезболах Анан побара да ги прекинат нападите врз израелските градови.

Колку што е можен побрз прекин на огнот е апсолутен приоритет и за германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер. Според министерот Штајнамаер меѓународни трупи за стабилизиациија во Либан би биле важен елемент за долгорочно политчко решение. На меѓународната конференција за Либан во Рим, Штајнамер уште истакна дека такви меѓународни мировни трупи би имале успех само ако бидат прифатени од владите во регионот.

Учесниците на конференцијата за Либан во Рим со минута молчење им оддадоа почит на досега загинатите во блиско – источниот конфликт.

Директните страни во конфликтот Израел и минициите на Хезболах не беа во Рим. Либанската страна ја преставува премиерот Фуад Сињора кој предложи план со седум точки за мировно решавање на конфликтот. Во него Сињора бара покрај прекин на огнот, засилување на мисијата на ОН во Либан, чиј мандат би требало да се смени за да може да се пружа и хуманитарна помош. Размената на затвореници меѓу Израел и Либан, според планот на Сињора би требало да се одвива под контрола на меѓуанродниот комитет на Цревениот крст, од Израел бара и обештетување за уништувањето и да се повлече зад така наречената сина линија, границата поставена во 2000 година.

Најважна точка на дневниот ред на срдбата во Рим која ја организиаарт американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс и италијанскиот прмеиер Романо проди е прекин на огнот. Проди изрази надеж дека може да се прекине кругот на насилствотот. Што се однесува до мандат на НАТО генералниот секретра на Алијансата Јаап де Хоп Шефер смета дека за такво нештпо е прерано „Не ја исклучувам можноста, но уште сега не би сакал да шпекулирам за мандата на НАТО“ рече Шефер