1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повик за прекин на насилството

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во телефонски разговор побара од сирискиот претседател Башар ел Асад веднаш да го прекине насилството против цивили.

default

Владините тенкови во акција-аматерска снимка од Хама

Според извори на ОН, Бан му ја пренел на Асад загриженоста на меѓународната заедница поради однесувањето на сириската влада кон демонстрантите во земјата. На меѓународните критики им се приклучи и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Неговата земја го губи трпението со режимот на Асад, порача Ердоган и најави дека во вторник ќе го испрати шефот на дипломатијата Ахмет Давутоглу во Дамаск за да им ја пренесе на тамошните власти решителноста на Турција. Претходно и земјите од Персискиот залив побараа окончување на насилството против опозицијата во Сирија. Од почетокот на протестите во Сирија се убиени најмалку 2.000 цивили, оценуваат борците за човекови права во земјата.

Автор: ГЧ/ЖА/дв

Редактор: Жана Ацеска