1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повик за мир во Конго

Десeтици илјади луѓе се во бегство поради судирите на владините трупи на Конго и бунтовнииците од организацијата М23. Хуманитарната состојба на населението се влошува.

Бунтовниците во Конго денеска повторно одбија повлекување од провинцискиот главен град Гома на истокот на земјата. Предуслов за тоа би биле директни преговори со владата на претседателот Јосеф Кабила, изјави водачот на политичкото крило на М23 (Движење од 23. март), Жан Мари Рудига за францускиот медиум РФИ.

Претходно, од самитот на шефовите на влади од регионот во главниот град на Уганда, Кампала, кој се одржа вчера (24.11), беше упатено барање за повлекување на М23 како и закана за регионална воена акција. Исто така и Африканската унија ги повика бунтовниците во Конго на враќање на мирот.

Во меѓувреме се зголемува бројот на тешки обвинувања против армијата на Конго. Нивните војници повлекувајќи се поради бунтониците ограбувале села и ги силувале жителите, информира Војс оф Америка.

Kongo Flüchtlinge

Голем број бегалци во Конго

Жителите од Минова исто така информираат дека повеќе од илјада војници предизвикале огромен страв во градот. Минова се наоѓа меѓу градовите Гома и Букаву. Бунтовниците М23 најавија дека скаат да маршираат од Гома кон Букаву. Повеќе села, меѓу нив и стратешки важното Саке, денеска очигледно се’ уште се под контрола на бунтовниците.

Судирите меѓу владините трупи и бунтовниците на истокот на Конго започнаа пред околу една недела. М23 во средата минатата недела најави дека сакаат да стигнат до главниот град Киншаса. По последните борби десетици илјади граѓани се во бегство. Хуманитарните организации предупредуваат од влошување на и онака тешката хуманиртарна состојба на Истокот на Конго.

Организацијата М23 беше форимирана, отккао дезертираа официри на армијата на Конго мината пролет. Бунтовниците бараат да бидат подобро платени, оружје како и амнестија за воените злосторства. Според еден извештај на ОН бунтовничката група имала поддршка од Руанда и Уганда.