1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Повик за крај на сиромаштијата

*

Лидерите на седум светски религии од конгресот на припадниците на Евангелистичката црква во Германија кој се одржува во Келн упатија апел до лидерите на Г8 да преземат решителни мерки во борбата против сиромаштијата во светот. Сегашните размери се вистински скандал за човештвото, се вели во изјавата што беше потпишана во Келн.

„Сега е време за победа на сиромаштијата. Ова е пораката која од Келн ја упатуваме до Хајлигендам„ изјави Бискупот на Евангелситичката црква во Германија, Волфганг Хубер.