1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повик до Сирија да прекине со пресметките со опозицијата

Советот на Заливските земји е загрижен поради крвопролевањето во Сирија, и бара од претседателот Асад итно запирање на насилствата.

default

Башар Ал Асад

Шест држави-членки на Заливскиот совет за соработка повикаа на итен прекин на крвопролевањето во Сирија. На состанокот одржан во Џида во Саудиска Арабија, Советот изрази загриженост поради спиралата насилство и акциите на армијата во земјата. Од владата во Дамаск истовремено е побарано да започне со суштински реформи. И покрај ветените политички промени, трупите на сирискиот претседател Башар ел Асад продолжуваат со бруталното пресметување со опозицијата. Додека генералниот секретар на Арапската лига, Набил ал Араби во саботата преговараше со Башар ел Асад околу предлозите за смирување на ситуацијата, според опозициони активисти владините сили во повеќе региони на Сирија убиле вкупно 24 луѓе.

Во Заливскиот совет за соработка инаку членуваат Саудиска Арабија, Кувајт, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Оман и Катар. Тие уште на почетокот на август побараа крај на употребата на сила во Сирија против неистомислениците на владата.

Автор: ЖА/ БГ/ дв

Редактор: Александра Трајковска