1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повеќе цивилна, наместо воена помош

На самитот на НАТО учествува i рускиот претседател, Владимир Путин, во рамки на Советот НАТО-Русија. Во фокусот е анти-ракетниот штит во Источна Европа. Вчера(03.04.08)се разговараше за ангажманот на НАТО во Авганистан.

default

Хамид Карзаи и Никола Саркози на самитот на НАТО

Како натаму во Авганистан? За ова прашање, во Букурешт се дискутираше наголемо. Во Авганистан во рамки на мисијата на НАТО, во силите ИСАФ се ангажирани 47 илјади војници. Најголем е американскиот контингент – 19 илјади војници и тие се ангажирани во деловите каде што се водат борби – на југ и исток на земјата. САД постојано апелираа до другите членки на алијансата да ги зајакнат своите контингенти. Германија одбива и натаму да ја прошири својата мисија и на југ на Авганистан. Францускиот претседател, Никола Саркози, е единствениот кој вети дека ќе испрати поголем број војници. 700 француски војници треба да бидат испратени на исток на земјата за САД таму да можат да го намалат својот контингент и да испратат повеќе војници на југ на Авганистан.

Ветување за поддршка

НАТО на авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи, во Букурешт му вети натамошна поддршка, но во форма на повеќе цивилни програми, а помалку воени операции. Тоа соодветствува и на ставот на германската влада. Канцеларката Ангела Меркел беше јасна: „НАТО не разговара само за воената компонента на иднината на Авганистан, туку и за општата компонента – како Авганистан да се направи побезбеден, и тоа за мене е вистински напредок. “

Долгорочната цел е постепен премин на земјата во целосна сувереност. 60 илјади авганистански војници се обучувани од страна на силите на НАТО. Авганистанскиот претседател, Хамид Карзаи, изјави: „Авганистан, во меѓувреме, е во состојба да ја преземе одговорноста за сопствената безбедност. Во август Авганистан треба да биде во состојба да ја преземе одговорноста за стабилноста во Кабул.“

Француската кооперативност не е без причина

Демонстративната подготвеност на Франција да се ангажира засилено во Авганистан не доаѓа без причина. Францускиот претседател, Никола Саркози, сака да ја врати назад неговата земја во воените структури на алијансата. Франција во 1966 година, под раководство на Де Гол, излезе од НАТО. Земјата учествува во операциите на НАТО, но нема право на глас при донесување важни воени одлуки. Сега Саркози сака да и‘ стави крај на ваквата ситуација. Но, недовербата на Французите кон организација во која доминираат САД е и натаму силна. Така, Саркози постојано инсистира на еднакво силни безбедносна и одбранбена политика.