1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Повеќе фрази од вистини

Коментар на Даниел Шешкевиц

Претседателот Џорџ Буш вчера свечено стапи по вторпат на функцијата. Во неговиот говор повторно избраниот претседател вети дека ќе помогне слободата и човековите права да станат стварност во целиот свет.

Со многу раскош и уште повеќе полиција, Џорџ Буш по вторпат беше прогласен за претседател, притоа давајќи големи ветувања. Тој има намера да ги ангажира моќта и влијанието на Америка за да го помогне напредувањето на слободата во целиот свет. Тираните, без оглед од која боја, во иднина не смеат да се чувствуваат сигурни. На сопствениот народ тој му сугерираше дека само кога Американците помогаат за пробивот на демократијата во светот, дома можат и натаму даживеат во слобода и мир. Меѓутоа, неговиот звучен говор на многумина потчинети луѓе во светот мора да им звучи како потсмев. Од Египет до Кина, од Узбекистан до Пакистан, се газат човековите права, без досега Буш гласно да протестира. Во стварноста САД и натаму ги аранажираат односите со цела низа неправедни режими ако е тоа во согланост со нивните стратегиски интереси. Битката за слобода и човекови права досега не беше повеќе од морална фасада за ширење на американската сфера на влијание од Хиндукуш до Персискиот залив. Таму, во Ирак, на планираните избори кон крајот на овој месец, ќе биде ставена на тежок тест американската способност да смени една диктатура со демократски систем. Прерано е за конечна оценка. Историјата ќе го оценува ирачкиот настап на Буш според успехот на мисијата. Ако му успее во Ирак среднорочно да воспостави барем половично стабилни односи на демократски систем, тогаш мулите во Иран и другите деспоти во регионот ќе мораат вистински да се загрижат. Ако пак рискантниот експеримент спорведуван со воена сила умре во крвопролевање, тогаш оценката на историјата за Буш ќе биде негативна. Уште полошо: дома ќе порасне притисокот врз него да ги повлече американските војници од Ирак. Тогаш неговите фрази за ангажман за слободата во целиот свет сосема ќе исчезнат. Тоа не мора така да биде. Ако Америка ја даде за мирот само половината од она што го дава за армијата и војните, тогаш светот вистина би можел да им биде благодарен на Соединетите Држави. Впечатливата помош на оваа земја – како и на другите – за жртвите од цунами катастрофата беше вистинскиот начин. Така се придобиваат луѓето за идеалите на едно туѓо општетство. Тоа се вистинските потези на дипломатијата и гестови со кои се освојуваат срцата на луѓето.

Говорот на Буш беше посветен на идеализмот и традицијата на Америка. Политичката реалност ќе биде определена од натамошниот развој во Ирак, во палестинско-израелскиот конфликт и во преговорите со Иран за неговата атомска програма. На тој план Буш мора да ги стави на потврда квалитетите на светски државник, кои досега недостигаа. Само тогаш демократската мисија во светот на Америка долгорочно може да биде крунисана со успех. Сомневањата остануваат.

Даниел Шешкевиц