1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Повеќе спорт - помалку стрес

Секоја година во јануари фитнес студијата во Германија бележат зголемување на членовите - причината: Со почетокот на годината многумина си поставуваат цел да живеат поздраво или да ослабат. Но, како да се издржи тоа?

Недостасува време, а животот тече брзо и стресно. Да, помалку стрес е најомилената намера за Новата година. Со мало заостанување е 'повеќе време за семејството'. Но, луѓето за 2014 имаа и сосема други цели.

„Да штедам, многу да штедам“.

„Да го испланирам моето трето животно доба. Јас ќе станам пензионерка и морам да размислам што ќе правам“.

„Да бидам пријателски расположена кон другите луѓе. Да им се помогне нa другите луѓе кога е тоа можно“.

„Да ја напишам дипломската и да ги завршам студиите. Тоа ми е најголемата намера која ја имам во моментов“.

18.12.2013 DW fit und gesund Transfette

Вкусните пржени компирчиња треба и да се согорат!

„Повеќе да спортувам и да не бидам така мрзлива“.

И тоа на трето место на добрите намери: Во јануари редовно ресте бројот на нови членови во фитнес студијата. Вежбањето повторно е високо на агендата. Тоа го забележува и менаџетрот на фитнес студио Холгер Фревер.

„Тоа можам да го утврдам врз база на бројката на нашите посетители, која во јануари со сигурност ќе се покачи. И токму сега по Божиќ, кога сите сакаат да вежбаат против вишокот кулограми и изеденените колачи, бројот значително ќе се покачи“, вели Холгер Фревер менаџер вофинес клубот „Фитнес фрст“.

Да се издржи, тоа е предизивк. Не само во фитнес студио. Исто така и на советничката по здрваствени прашања Штефани Капехаген ѝ се познати потешкотиите поврзани со добрите намери. Повеќе од секој втор има намера да загуби неколку килограми - или да се храни поздраво.

„Драстичните диети на почетокот на годинта сметам дека не се добри. Честопати зад тоа се крие непопустливост, а потоа се раѓа фрустрација. И потоа не се додржува таа диета. Повеќе сум за тоа да се промени начинот на исхрана и јадењето да причинува задоволство“, истакнува Капехаген.

11.12.2013 Fit und Gesund Marzipan

Од слатките многумина тешко се откажуваат

Затоа оваа експертка советува: слабеење, но без гладување. И тоа да не се прави во грч. Исто важи за другите добри намери, како да се пие помалку алкохол или да се прекине со пушење.

Значи помалку стрес, повеќе спорт и поздрав живот: Но, како сакаат луѓето да го издржат сето тоа?

„Тоа е проблем, сосем јасно. Да, како да се направи најдобро? Мислам наједонставно е да се да се направи обид тоа да се спроведе. “

„Да се напише во дневник, да се напарави договор со семејството. Така сите да знаат“.

„Да се напише. На фрижидерот закачуваме многу работи. И така секој ден се гледа во ливчето“.

„Да не правиш роб од себе, но некако да видиш да се аранжираш во секојдневието. Тоа до сега многу добро функционираше.“