1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Повеќе соработка за поголем углед

Во албанскиот приморски град Валона, заврши дводневната средба на четворицата шефови на држави од регионот, иницирана од албанскиот претседател Бамир Топи.

default

Претседателите на Албанија, Македонија, на Косово и на Црна Гора - Бамир Топи, Ѓорге Иванов, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ, како што потврдија на зедничката прес конференција, ги договориле трите главни точки за унапредување на меѓусебната соработка. Тоа се подобрување на регионалната инфрастрктура, зацврстување на сигурноста и безбедноста и заедничкото ангажирање за нивно интегрирање во евроатланските структури.

„Сите земји од регионот имаат идентични аспирации за евроатлантска интеграција, ги обединивме нашите интереси и се согласивме дека земјите од ЕУ ќе не‘ ценат многу повеќе доколку нашите земји соработуваат во постигнувањето на потребните стандарди“, изјави домаќинот Топи.

Bamir Topi

Бамир Топи

За македонскиот претседател Иванов средбата била изворедна можост да се разменат ставови за заедничките перспективи на регионот, чии врвни приоритети се ЕУ и НАТО. Според него, после долг период, регионот воспоставува исти критериуми, исти вредности, исти принципи.

„Тоа не‘ поврзува и не‘ прави, како регион, контактибилни. Со оваа средба праќаме позитивна порака надвор од регионот. Велиме дека она што било незамисливо за нашите родители, ние како генерација го остваруваме, овозможуваме нашите деца да живеат во поинаков свет и во поинаков регион. Нашите лични контакти веќе се и порака до обичните луѓе да следат дека постои надминување на едно сфаќање кое сме го наследиле од минатото и оти ова е можност да покажеме како знаеме да ја гледаме оваа голема слика од регионот -како дел од Медитеранот, дел од Европа и дел од светот.

Македонија е подготвена на воспоставување дипломатски односи со Косово

На средбата, како што изјави домаќинот, секако тема била и односите на Косово со соседите. Со право концентрацијата беше фокусиурана на односите на Косово со соседните земји како нова реалност, изјави Топи. „Како што гледате и самите“, додава тој, „има многу добар дух на соработка и изразена подготвеност за сите отворени

Mazedonien Präsident Gorgi Ivanov

Ѓорге Иванов

прашања да се најде решение.“ Ова, според Топи, како можност го нуди политичкото лидерство заедно со владите на земјите, што „јасно покажува дека земјите напредуваат на патот кон мирот и евроатланската интеграција“.

Воспоставувањето дипломатски односи на Македонија со Косово беше едно од прашањата упатени до претседателот Иванов. Тој одговори: „Воспоставувањето дипломатски односи е процес во кој постојат взаемни обврски кои треба да се исполнат. Од надлежните институции во Македонија сум информиран дека Македонија ги заврши сите подготовки и обврски и дека ние сме подготвени да воспоставиме дипломатски односи“, изјави Иванов.

И за косовсккот претседател Сејдиу приоритет е евроатлантското интегрирање на целиот регион. Во тој правец, неговиот црногорски колега Вујановиќ упати апел за потикнување на дијалогот и коминикацијата, со единствена заедничка цел - интеграција во ЕУ и во НАТО.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска