1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Повеќе приведени и загинати во акцијата на Шара

Меѓу полицијата и населението нема загинати или повредени,соопшти министерката за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкуловска.Таа акцијата „Планинска бура“ ја оцени за успешна

default

Јанкуловска:полицијата сеуште го истражува регионот

Во Тетовско утрово е мирно,на Шара сеуште тензично, по вчерашаната акција на полицијата во неколку тетовски села.Властите во Скопје го повторија заклучокот од минатонеделната седница на националниот Совет за безбедност дека состојбата во земјата е стабилна.Епилогот од вчерашната акција е најмалку шест загинати,12 уапсени.Меѓу жртвите нема цивили и полицајци.Водачот на групата,Лирим Јакупи-Нацист,избега.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја оцени акцијата за успешна.

Таа наведе дека МВР со успех ја заврпило акцијата „Планинска бура“,насочена кон пронаоѓање и неутрализирање на криминално-екстремистичка група,стациинирана во реонот на селото Бродец,во тетовско.Министерката оцени дека акцијата била изведене со врвен професионализам,во неа учествувале припадници на полицијата од мешан етнички состав.

Полицијата пронашла големо количество оружје,митралези,топови,рачни ракетни фрлачи,бомби,автоматски пушки.Во интервенцијата имала поддршка од безбедносните структури од Косово за да се оневозможи вооружената група да избега преку граница.