1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Повеќе права за сезонските работници во ЕУ

Сезонските работници од земјите надвор од ЕУ кои на пример работат земјоделски работи во земјите од Унијата во иднина ќе бидат подобро заштитени од експлоатирање и од дампинг на надниците.

Европскиот парламент по тригодишни тешки преговори денеска во Стразбур ја усвои законската регулатива за подобра заштита на сезонските работници во Европа. Според новиот закон, работодавачот пред доаѓањето на сезонскиот работник мора да му даде јасни и исцрпни податоци за висината на заработувачката, работното време и други услови. Сезонските работници би требало да имаат право на адекватно сместување како и пристап до социјалните системи, предвидува новата регулатива на Европската унија.

Според проценките на ЕУ, годишно во земјите од Унијата доаѓаат повеќе од 10 илјади сезонски работници , многу од нив на пример во Италија, Шпанија, Грција. Меѓутоа полза од сезонските работниви имаат и други земји од ЕУ: „Во повеќето држави на ЕУ постои потреба за сезонски работниви“, утврди известувачот на Европскиот парламент за ова прашање, Клод Мораес од Велика Британија.

Afrikanische Saisonarbeiter in Italien

Нехумани услови за живот на сезонските работници цо јужна Италија

Новата законска регулатива меѓутоа не им пропишува на земјите од ЕУ никакви квоти за прифаќање на сезонски работниви. Истотака таа не предвидува ниту механизми за преобразување на сезонскиот работен престој во траен работен престој во земјите од ЕУ.

Негативни наслови во меѓународните медиуми во последно време предивика искористувањето на африканските сезонски работници кои помагаа при жетвата во јужна Италија. Многу сезонски работници во калабрија но и други региони на југот на Италија беа сместени во бараки без струја и вода, работата цел ден без пауза и добиваа саатнина помала од две евра. „Ваквите случаи не се ограничени само на опредеделени земји-членки на ЕУ“, истакнува Мораес. Новиот закон предвидува повеќе инспекции во земјоделските задруги и претпријатија и работодавачките кои експлоатираат работници ќе бидат казнувани.