1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Повеќе од 60 загинати во серија напади во Мадрид

Повеќе од 60 лица загинаа а најмалку уште 100 се повредени во серија координирани бомбашки напади кои се случија на три железнички станици во Мадрид, кои биле преполни со луѓе кои патувале на работа. Смртоносните експлозии одекнаа само три дена пред парламентарните избори во Шпанија , а властите веднаш ја обвинија баскиската терористичка организација ЕТА за организација на нападите. Експлозивните направи , како што велат последните информации од Мадрид биле поставени во еден товарен, но два регионални возови кои биле преполни со патници. Во времето на експлозиите кои одекнале речиси истовремено еден од возовите се наоѓал на Атоха една од двете главни железнички станици во шпанскиот главен град, додека другите два на две помали станици во југоисточниот дел од градот , Еугениа и Ел Поцо. Полицијата и пожарникарите веднаш ги евакуираа зградите во околината на Атоха , поради стравување од нови експолизии. Од местата на експлозиите спасувачките екипи ги пренесуваа големиот број повредени лица во градските болници, кои во меѓувреме упатија итен апел за донирање на крв поради големиот наплив на повредени лица. Експлозиите во Мадрид се случија само три дена пред парламентарните избори во Шпанија на кои 34,5 милиони гласачи треба да одлучат дали ќе им овозможат нов мандат на владејачките конзервативци или ќе се определат ѕа опозиционата, Социјалистичка партија. Шпанската влада веднаш за нападите ја обвини вооружената сепаратистичка група ЕТА, која води повеќе од 30 годишна крвава кампања за независност на Баскија , во која беа убиени повеќе од 850 луѓе. Ова е напад врз шпанската демократија -истакна портпаролот на шпанската Влада Едуардо Заплана , набргу по нападите на трите железнички станици во Мадрид , посочувајќи го прстот кон ЕТА ,која ја окарактеризира како криминална банда на убијци. Меѓутоа досега никој официјално ја нема преѕемено одговорноста за утринските напади во Мадрид, Шпанските власти на крајот од минатиот месец соопштија дека полицијата успеала да осуети напад на ЕТА планиран токму за предизборниот период, откако беа уапсени две лица , осомничени припадници на ЕТА кои кон Мадрид во комбе превезувале 500 килограми експлозив. Сите политички партии во Шпанија , како реакција на трагичниот настан соопштија дека денеска ги суспендираат сите активности од изборната кампања. Густаво Аристеги баскиски пратеник на владејачката Народна партија повика на единство пред терориѕмот: "Ова веројатно е најтешкиот терористички напад во историјата , не веројатно туку навистина најтешкиот напад досега. Најважно нешто што сега треба да направиме е да останеме обединети и да изградиме политички консензус за да го победиме тероризмот". Во меѓувреме пристигнуваат и првите реакции на осуда и од странство. Така претседателот на германскиот Бундестаг , Волфганг Тирзе за момент ја прекина денешната седница, со цел од свое и името на парламентарците да му изрази сочувство на шпанскиот народ: