1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повеќе од 50 жртви на невремето во Европа

Ветрови со ураганска брзина, проследени со поројни дождови го зафатија вчера поголемиот дел од Западна Европа, оставајќи зад себе повеќе од 50 жртви и над еден милион луѓе без електрична енергија.

default

„Ксинтија“ беснееше низ Европа

Орканот „Ксинтија“ профуче низ поголемиот дел од Западна Европа со брзина од речиси 150 километри на час и предизвика катастрофални последици по должината на атлантскиот брег. Најлошо мина Франција, каде загинаа најмалку 45 луѓе, а материјалната штета е огромна. Премиерот Франсоа Фијон најави дека ќе биде прогласена состојба на национална катастрофа за да се олесни помошта за настраданите подрачја, а ќе се бара поддршка и од ЕУ.

Orkantief Xynthia sorgt für Chaos

Надојденото море речиси целосно ги поплави градовите во крајбрежниот дел на регионите Венде и Шарен Маритим, а силните ветрови предизвикаа прекин на електричната енергија за најмалку еден милион луѓе. Спасувачките екипи ги евакуираа луѓето од покривите на куќите со хеликоптери. Францускиот претседател Никола Саркози им изрази сочувство на семејствата на настраданите и најави дека денеска ќе ги посети погодените подрачја.

Во Германија невремето, проследено со ветрови со брзина од над 130 километри на час, ги однесе животите на најмалку петмина, предизвика речиси целосен прекин на железничкиот

BdT Sturm Xynthia in Deutschland

сообраќај и доведе до одложување на голем број летови, пред се‘ на аеродромот во Франкфурт. Петте жртви во Германија, меѓу нив еден моторциклист, автостопер и џогерка, загинале откако врз нив паднале откорнати дрвја.

Во Шпанија, властите јавуваат за најмалку три човечки жртви, а во Португалија има најмалку еден загинат, слично како и во Белгија.

Француското радио јави дека најголемата брзина на ветрот за време на орканот Ксинтија била измерена на врвот на Ајфеловата кула во Париз, 175 километри на час, што е за 25 километри помалку од брзината на ветровите измерена при големото невреме во 1999 година, во кое загинаа 92 луѓе.

Aвтор: БГ/ЕМФ/дпа/афп

Редактор: Александра Трајковска