1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Повеќе од 310 илјади Македонци се без работа

Меѓу невработените, според евиденцијата на Агенцијата за вработување, се наоѓаат и 20 доктори на науки и 399 магистри

default

Протест на стечајците во Скопје

Во Македонија, според евиденцијата на Агенцијата за вработување, во јуни годинава имало 311.374 лица невработени лица, што во споредба со претходниот месец е помалку за 4.098, а во однос на јуни минатата година бројката е помала за 19.182.

Најмногу од невработените, како што покажуваат податоците на Агенцијата, се во Скопје 68.587, потоа следи Тетово со 27.950, Куманово со 25.597, Прилеп со 21.714...

Според возраста најмногу на листата на невработени се лица од 20 до 24 години. На оваа возраст работа бараат 35.291 лице.

Меѓу невработените, според образованието, најмногу 151.971 лице се ниско квалификувани. Во Агенцијата како невработени се евидентирани и 20 доктори на науки и 399 магистри.

Автор:БГ/миа

Редактор: Александра Трајковска