1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Повеќе од 20 илјади жртви во земјотресот во Иран

Се работи за трка со времето-по разорувачкиот земјотрес на југоистокот на Иран спасувачите денеска ја продолжуваат битката по преживеани.Бројот на жртвите и натаму не е јасен,иранското министерство за внатрешни работи утрово излезе со проценка од 20 илјади.Се додека траат спасувачките активности,не може да се даваат веродостојни податоци,велат од Кризниот штаб. Уништениот град Бам беше омилена цел на туристите,има околу 80 до 90 илјади жители.Со земјотресот со сила од 6.3 степени според Рихтер се зафатени и околните села,со што бројот на загинатите може да оди и над дваесет.Околу 30 илјади луѓе мораа да побараат помош во болниците,меѓу нив се и тројца Германци,соопшти германското министерство за надворешни работи. Генералниот секретар на ОН Кофи Анан ја повика меѓународната заедница да помогне за жртвите од земјотресот. 30 специјалисти од Службата за техничка помош од Германија пристигнаа во Бам,дополително ќе им се придружи уште една екипа од истата служба и од повеќе германски хуманитарни организации.Тие ќе работат заеднос со другите спасувачки тимови. Екипа на ОН веќе е на пат за да им помогне на иранските власти при координацијата на странската помош. Веднаш по апелот на генералниот секретар на ОН Кофи Анан,освен Германија,и Франција и Русија ,како и повеќе европски земји покажаа подготвеност да ја пружа.За разлика од претходно,иранскиот претседател Мохамед Катами овојпат брзо ја прифати меѓународната помош и ги олесни и процедурите за добивање визи. Своја помош веднаш понуди и американскиот претседател Џорџ Буш,и покрај затегнатите политички односи меѓу девете земји.Дали Техеран неа ќе ја прифати,останува да се види. Според информациите на хуманитарните организации итно се потребни лекови,вода за пиење,храна и кебиња поради големите студови преку ноќта.Кризниот регион се наоѓа на илјада метри надморска височина.Германија ,како што соопштија од Министерството за надворешни работи досега ставила на располагање 500 илјади евра,а формиран е и посебен кризен штаб за координирање на помошта кон Иран. ЕУ од своја страна стави на располагање 800 илјади евра како прва помош.Спасувачки екипи се на пат кон Иран,соопшти претставник на ЕК во Брисел. Австралија најави 1.2 милиони евра помош. Во градот Бам владее стравична слика,две третини од зградите се уништени,нема струја и вода. Меѓународниот Црвен крст и Црвената полумесечина проценуваат дека се потребни околу десет милиони евра како итна помош за Иран.Двете организации тргнуваат од тоа дека следните шест месеци ќе треба да се згрижат 200 илјади луѓе.