1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Повеќе од утешна награда за Германците

На ФИФА СП во фудбал во Јужноафриканската Република синоќа (10.07.2010) во натпреварот за третото место во Порт Елизабет екипата на Германија ја победи репрезентацијата на Уругвај со 3 спрема 2.

default

Марсел Јансен се проби меѓу Уругвајците

Во својот последен натпревар за третото место со Уругвај, германската фудбалска репрезентација вчера имаше уште еднаш причина да слави. Тимот, кој во голема мера беше составен од резервни играчи, под силниот дожд на стадионот во Порт Елизабет, со последни сили се избори за бронзениот медал. Со првиот гол во дресот на националната репрезентација, Сами Кедира го постигна третиот гол за Германија и со тоа ја ја запечати победата од 3:2 против Уругвај. И по крајот на натпреварот Кедира сметаше дека неговиот тим е заслужениот победник:

„Сите се надевавме на повеќе, но ние сакавме дури и во едно вакво ’мало финале’ безусловно да победиме. Мислам дека денеска се виде дека навистина дадовме се` од себе за да си заминеме како победници од теренот.“

Fußball WM 2010 Südafrika Spiel um Platz 3 Deutschland Uruguay

Голот на Кедира значеше трето место

Повторно се покажа квалитетот на германската екипа

Томас Милер во 19 минута со неговиот петти гол и Марсел Јансен во 56 минута беа останатите двајца голгетери од германска страна. На Уругвајците, пак, двапати им појде од рака да ја затресат мрежат на германскиот гол - првпат тоа го стори Единсон Кавани, а потоа и ѕвездата на Латиноамериканците, Диего Форлан. За разлика од полуфиналето со Шпанија, овојпат германската репрезентација повторно ги покажа своите големи играчки квалитети и по четврти пат на едно СП во фудбал се избори за третото место, исто како во 1934, 1970 и 2006 година. Бастијан Швајнштајгер, кој се` уште не го крие разочарувањето од тоа што не стигнаа до финалето, го нагласи значењето на бронзениот медал:

„Тој е многу значаен за нас, се разбира и поради нашите фанови во Германија, кои многу не` поддржуваа. Денеска моравме уште еднаш да покажеме карактер и фала му на Бога, победивме. Сите сме многу среќни поради тоа, иако разочарувањето се` уште ни се чита во очите.“

Südafrika WM 2010 Fußball Deutschland Joachim Löw Pressekonferenz

Јоахим Лев е задоволен

Со враќањето на Томас Милер на теренот, кој не можеше да игра во полуфиналето против Шпанија поради двата жолти картони, се врати и полетот кон противничкиот гол. Дваесетгодишниот фудбалер со петте гола на ова ФИФА СП во фудбал стои рамо до рамо со ѕвездите како Весли Снајдер, Давид Виља и Форлан.

Задоволство на крајот

Тука завршува мундијалот за Германија. На крајот тренерот Јоахим Лев нагласи дека третото место за него и неговиот тим претставува многу повеќе отколку само утешна награда:

„Во секој случај. Ако се погледне целиот турнир, колку консеквентно работеше овој млад состав, колку веруваа во себе и во овој последен натпревар и после тешкиот пораз против Шпанија. Се` на се`, игравме офанзивно добро, постигнавме многу голови. Така погледнато, можеме да бидеме презадоволни од турнирот“, истакна Лев.

А првиот мундијал што се одржа на африканско тло денеска ќе заврши со последниот натпревар за трофејот. Во 20.30 за него првпат на едно СП ќе се борат Шпанија и Холандија.

Автор: Кале Копс/ Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска