1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повеќе од заканувачко сценарио?

Кометар на Петер Филип

Оној кој изговара закани или поставува само ултимативни барања порано или подоцна мора да докаже дека е сериознен. Да не биде исмеан како тигар од хартија. Правило кое посебно важи за супер сила – единствената останата супер сила: Откако Соединетите држави повеќе од три години му се закануваат на Иран со последици поради продолжување на неговата атомска програма, а Техеран не реагираше, од Вашингтон се слушнаа и извештаи за наводни подготовки за војна.

Дали сето ова е само потенцирање на заканувачкото сценрио или психолошко водење војна?

Каков наивен концепт. Неколку воздушни напади во Иран треба да го дестабилизираат тамошниот режим и да го мотивираат населението на востание. Ирак поздравува: Се чини дека во Белата куќа не е научена лекцијата. Дотолку полошо, како Иран и Ирак да не би можеле да бидат споредени: Многумина во Иран не се задоволни со нивниот политички систем, но во лоши времиња ќе застаната зад режимот. Ваков обид на Вашингтон би го постигнал токму спротивнотот: Американски напад нема да предизвика востание и само и неговата закана ја зајакнува одлучноста на режимот, да се продолжи со атомската политика. И тоа колку што е можно побрзо.

Владата на Буш напротив регионот го гледа на поедноставен начин и сонува за домино теоријата на демократизаиција. Но наместо тоа ќе ожнее домино ефект на радикализација. Имено колку и да е мал бројот на исламските земји кои досега се солидарни со Иран -американски напад нема да поднесат.

Вашингтон би ја имал ситуација в рака, да спречи ваков развој со тоа што би почнал директни преговори со Техеран. Ситуацијата сеуште и не беше созреана, а Вашингтон се повлече. Како сега при планираните разговори за Ирак. Со Техеран не се сака да се разговара, туку се бара промена на режимот и контрола врз нафатата и земјиниот гас. Опасна ситуација и за Европејците, кои сега покорно стојат зад Вашингтон. Ако Брисел сега не повлече издиференцирана линија во однос на Вашингтон ќе мора да го игра орото до крај.