1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Повеќе од гест

Коментар на Томас Раутенберг

Германскиот канцелар Герхард Шредер како прв германски шеф на влада вчера беше поканет да присуствува на прославата на Варшавското востание. Тој им се извини на Полјаците за злосторствата на национал-социјалистите: “на ова место на полската гордост и на германскиот срам се надеваме на помирување и мир“ изјави Шредер. Полската јавност реагираше со големо одобрување на неговото признавање на германската вина и на јасното одбивање на барањата за обесштетување на протераните. Министерот за надворешни работи Влоџимјеж Чимошевич изјави дека “говорот има големо значење за Полска“.Канцеларот го погоди тонот. Герхард Шредер во Варшава и содржински не остана должен. Како прв германски шеф на влада беше поканет на одбележувањето на 60-годишнината на Варшваксоот востание. А, оваа идеја не наиде баш на одобрување кај сите Варшавјани, пред се не кај сите борци на татковинската армија. Па сепак: тој се најде таму. Неговиот настап – новитет и потврда за новите германско-полски односи. Канцеларот не остана должен со јасните зборови во неговиот говор. На пример:“Германија со нејзиниот напад врз Полска во 1939 година ја започна војната“. Скоро проста вистина, но на која често се заборава во поновите дискусии околу вината и непрвадата, околу војната и протерувањето. И затоа канцеларот потврди дека не смее да има реститутивни барања од Германија кон Полска. Порака што од полска страна е примена од срце. Порака со таква јаснотија каква што од канцеларот очекуваше полскиот премиер Марек Белка за прашањто на обесштетувањето. И недвосмислената обновена изјава на Шредер дека сојузната влада нема да го поддржи градењето Центар против протерувањето во Берлин. Протагонистите на таквиот проект канцеларот кусо и јасно ги означи како “несообразливи во Германија“ и повторно доби аплауз од полска страна. Значи, Шредер не пропушти ниту едно непријатно прашање што до најново време ги оптоваруваше германско-полските односи, па дури на некои позиции и ги парализира. Шредер распосла една политичка понуда и сега е ред на полската влада да се постави кон неа. Зашто и во Полска има такви, веројатно разбирливо, кои се уште се наоѓаат во рововите на историјата. Кон меѓудржавното разбирање припаѓаат вистината, смиреноста и довербата. Врз таа основа канцеларот Шредер во неговиот настап во Варшава се потврди како искрен сојузник на Полјаците.

Томас Раутенберег