1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повеќе и’ не можеше да се очекува од Меркел

Посетата на канцеларката Ангела Меркел во Атина не донесе опипливи резултати. Сепак таа имаше смисла и беше важна, смета Петер Штицле во својот коментар.

Добро е што Ангела Меркел ја прифати неодамнешната покана од грчкиот премиер Андонис Самарас да ја посети Атина. И покрај тоа што истиот тој Самарас пред не така долго време испровоцира бес кај канцеларката. Тогаш тој беше водач на опозицијата и ги саботираше сите реформски напори на претходната влада. Освен ова, иако многумина Грци сметаат дека Ангела Меркел е соодговорна за состојбата во нивната земја и некои ја вбројуваат во сферата на нацистичките окупатори, таа не се поколеба да отпатува во Атина. 

Peter Stützle MIT ALTERNATIVBILD

Петер Штицле, автор на коментарот

Посетата беше важен знак за солидарност со Грците. Преку она, што Ангела Меркел јавно го кажа во Атина, на извореден начин и’ го изрази тоа. Но ништо повеќе, што и не можеше да биде. Впрочем работа на грчката влада и на грчкиот парламент е да ги спроведат реформите, кои земјата треба да ја оспособат да биде повторно кредитоспособна. Работа е на Тројката од Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и Комисијата на ЕУ да ги надгледува реформите. Дури откако ќе бидат доставени нивните препораки на потег е повторно Меркел. Тогаш заедно со другите шефови на држави или на влади на ЕУ мора да одлучи за новите средства за помош на Атина, и таа мора да го убеди нејзиниот парламент во Берлин.

Со оглед на тоа посетата на Меркел на Атина беше исто така и знак за Германците: Грците не заслужија политичарите и медиумите со лекоумни забелешки да ги повредат нивните чувства. Во овие тешки времиња многу повеќе заслужија сочувство. Исто така и поддршка, под услов самите да создадат услови во кои помошта може да помогне.

DW.COM