1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повеќе жртви на торнадо во Оклахома

Во Оклахома следи една природна катастрофа по друга: по помалку од две недели од уништувачкото торнадо во градот Мор, повторно има загинати во торнада предизвикани од нова жестока бура.

Жестока бура предизвика синоќа (31.05) низа торнада кои го погодија Оклахома Сити, во кој загинаа најмалку пет луѓе, додека голем број возачи на камиони се „заробени“ на автопатишта.

„Меѓу загинатите се мајка и дете кои настрадале откако на автопат, западно од Оклахома Сити нивниот автомобил бил уништен од бурата“, изјави портпаролка на полицијата од тој град.

Автопатот е затворен по низа судари и повреди. Во болница се примени околу 50 луѓе со повреди од налетот на невремето, од кои петмина се во критична состојба.

Удари на торнадо се регистрирани во гратчето Мор кое пред десетина дена беше центар на најсилен удар во кој загинаа 24 луѓе. Властите стравуваа дека голем број луѓе, особено возачи на камиони, се на автопатишта и ги повикаа што е можно побргу да заминат во засолништа заради опасност од нов удар на торнадо.

Аеродромот во Оклахома Сити е затворен и 1.200 луѓе кои биле во него се префрлени во засолништа. Околу 70 илјади луѓе се без струја во и околу градот. Метеоролозите прогнозираат дека невремето може да се пренасочи кон Мисури и Арканзас.