Повеќе жртви во експлозија на товарен воз во Бугарија
10 декември 2016Реклама
Бројот на жртвите во екслозијата на цистерни од товарниот воз и пожарот предизвикан од неа можно е да расте, зашто дел од повредените дваесетина лица се наоѓаат во тешка состојба. Товарниот воз кој превезувал течен нафтен гас излетал од шините и експлодираше во селото Хитрино, во североисточна Бугарија. Во експлозијата уништени се железничката станица и околу 20 други објекти. Дел од околу 800-те жители се евакуирани.
На гаснењето на пожарот и потрагата по преживеани ангажирани се 150 пожарникари, а полицијата истражува како дошло до инцидентот.
Несреќата се случила денеска утрото околу 5,37 часот по локално време, кога возот влегувал во железничката станица во Хитрино.