1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повеќе германски војници во Авганистан

На средбата на министрите за одбрана од земјите членки на НАТО во Краков, во Полска, е решено испраќање дополнителен број војници во Авганистан -17 илјади од САД и 600 од Германија.

default

НАТО-министрите за одбрана во Полска

Ситуацијата во Авганистан им задава грижи на членките на Алијансата. И по повеќе години меѓународен ангажман, земјата е далеку од доволна стабилност. Американскиот претседател Барак Обама затоа најави зголемување на бројот на таму присутните американски војници за 17 илјади. Тоа значи притисок врз сојузниците. Реакцијата на германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг во Краков:

„Ја поздравувам одлуката на САД за испраќање дополнителен број војници, особено со оглед на критичната состојба на границата меѓу Авганистан и Пакистан. Тоа ќе ја зголеми безбедноста и мислам дека е правилен чекор. Но, не смееме да го гледаме само безбедносниот аспект, туку целокупната ситуација, тоа значи осигурување на безбедноста, но и конкретен поттик на цивилната обнова на земјата.“

NATO Generalsekretär Jaap de Hoop Scheffer

Јаап де хоп Шефер

Еднаква улога на безбедноста и цивилната обнова

Германија во Авганистан сака да испрати дополнителни 600 војници, од кои дел треба да ги обезбедуваат изборите коишто треба да бидат одржани во август. Јунг верува дека новата влада на американскиот претседател Барак Обама и‘ дава еднаква тежина на безбедноста и цивилната обнова. Но, НАТО сега има проблем со растечката недоверба кај населението. Според податоците на ОН, само лани во акциите на авганистанските владини или странските трупи биле убиени речиси илјада цивили. Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер изјави дека Алијансата прави се‘ за да избегне вакви жртви:

„За жал, ова не може целосно да биде избегнато. Но, никогаш не сум сретнал војник на НАТО или на партнерските земји кој свесно убил невини цивили. Намера да убиваат илјадници цивили имаат нашите противници, Талибанците, е не НАТО.

Nato Treffen in Krakau Polen

Германскиот министер за одбарана Јунг во Краков

Да не се испушти ситуацијата од раце

Шефер уште еднаш потенцираше што е според него пресудно:

„Не смееме да си дозволиме потфрлување во Авганистан. Тоа би довело до нестабилност во ионака високо нестабилниот регион, до овозможување областа повторно да стане упориште на меѓународниот тероризам и најголеми маки за авганистанскиот народ.“

НАТО освен тоа планира натамошна мисија против пиратите пред брегот на Сомалија. Неговата поранешна мисија во меѓувреме ја презеде ЕУ, но поради акутноста на ситуацијата, НАТО повторно ќе испрати бродови во водите пред Северна Африка.






DW.COM