1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Повеќемина загинати во пожар во Шварцвалд

При пожар во работилница во која работеа хендикепирани лица во Шварцвалд живoтот го загубија 14 лица, а повеќемина се повредени. Причините за пожарот се’ уште се непознати.

При пожар во работилница во која работеа лица со хендикеп на Каритас во Титизе - Нојштат во Шварцвалд 14 лица го загубија животот, а седуммина се повредени. Портпарол на полцијата во Фрајбург соопшти дека повеќемина починале најверојатно како последица од труење со чадот. Претходно пожарникарските екипи со специјална опрема усепаја да спасат од објектот голем број лицата кои се наоѓаа во работилницата.

Според наводи на полицијата во еден од магаците дошло до експлозија. Дали во просторијата биле складирани хемикалии, засега не е познато. Во работилниците се обработувало дрво.

Пожарот изби денеска во објект на Каритас, во кој се наоѓале околу 120 луѓе со ментален и повеќекратен хендикеп.