1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Побрз начин за добивање пасош

Пет месеци по воведувањето на новите пасоши, министерствто за внатрешни работи ќе се обиде да го олесни начинот за добивање нови лични документи.

default

Новите лични исправи во Македонија

На тендер се избрани две компании кои ќе нудат опција – телефонски да се закаже термин за поднесување апликации и сликање. Новиот метод ќе стартува од септември. Портпаролот на министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, го промовираше операторот и новата услуга: ”Услугата на операторот на повикувачкиот центар е предвидено да се состои од примарно давање информации на граѓаните за потребните документи и процедури при издавањето лични документи, како и за закажување термини за поднесување апликации за добивање нови лични документи. Предвидено е услугата да се дава преку бесплатен телефонски број со префикс 0800. Истите треба да задоволат околу илјада повици дневно, барем на почетокот. ”

Европски пасоши треба да се издаваат на европски начин

Новите пасоши според европски стандарди, кои се една од обврските на Македонија за нејзините граѓани да добијат олеснет визен режим, почнаа да се издаваат во април годинава. Досега се издадени околу сто илјади патни исправи. И покрај најавите од германската компанија, Гисеке и дебриент, која ги печати пасошите, дека тоа ќе го прави со најсовремена технологија, стартот беше одбележан од големи турканици, метеж и нервози по ходниците на министерството за внатрешни работи. Освен бавноста на системот, проблематично е и издавањето на пасошите за граѓаните со специфични букви, како Ч, Џ или Ш од кириличното писмо во името или презимето. Граѓаните ја подрвауваат новата можност и велат – европските пасоши треб ада се издаваат на европски начин. Тие се надеваат дека телефонската опција за закажување термин, ќе им ги скрати маките. Дел од нив велат:

“Мислам дека таа е подобра опција”

”Итно ми е, парите ги земаа, трчам горе –долу, ама ќе биде.”

”Цел ден чекаме и ништо, не можеме да завршиме работа. Телефонски и најубаво, зашто нема да се чека вака. Ова е катастрофа. Ова никаде го нема.”

Наесен македонската влада треба да ги продолжи преговорите со Европската комисија за олеснување на визниот режим.