1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Побрзо, повисоко, поскапо - наследството од Олимпијадата во Пекинг

ЛОИ Пекинг 2008: бомбастична церемонија на отворање, перфектна организација, спектакуларни стадиони, сали... Денес повеќето од нив се празни. Надежите за политичко отворање на Кина не се остварија.

Олимпискиот стадион во Пекинг, кој поради неговиот специфичен изглед е нареöен „птичје гнездо“, со капацитет од 80 илјади места, четири години по Олимпијадата е главно празен. Таа спектакуларна конструкција од челик престана да биде стадион и остана само туристичка атракција. Кој сака да го погледне, треба да плати влезница во износ од шест евра, што за повеќето кинески туристи е прескапо. Кина во 2008. година организираше Летни олимписки игри на суперлативи: 16 натпреварувачки денови, 302 златни медали, 37 спортски градби, од кои повеќето се изградени само за таа намена.

Симболи на нова Кина

Под слоганот „Еден свет, еден сон“, Кина, според проценките, во Олимпијадата вложи 40 милијарди американски долари - речиси четирипати повеќе отколку Лондон. Изградена беше инфраструктура во Пекинг, околината на градот беше преуредена. Многу посетители на олимпискиот стадион сметаат дека трошоците се исплателе.

China Veranstaltungsorte Olympische Spiele 2008 National Stadium und der National Aquatics Center

Една туристка од североисточна Кина во стадионот „птичје гнездо“ и во олимпискиот пливачки центар наречен „водена коцка“ гледа симболи на нова Кина:

„Овде можат да се видат развојот на Кина и нови зданија. Тие навистина се добри. Затоа сега во Пекинг доаѓаат и повеќе туристи“.

Неколку помали спортски градби се навистина успешни кога станува збор за нивното искористување по Олимпијадата, како на пример салата „Индор Стејдиум“ со 20 илјади места во која се оддржаа натпреварите во гимнастика и ракомет. Но многу други олимписки градби веќе не се користат во спортски или какви било други цели. Тоа ги лути жителите на Пекинг.

„Тоа е расфрлање со пари. Толку градби се празни. Би требало барем таму да се пуштат децата или постарите лица да се занимаваат со спорт“.

Политички пресврт не се случи

За германскиот експерт за Кина, Томас Хеберер, е сосема јасно дека политичкото раководство на Кина сакаше на светот да му покаже спектакл, но и оти никаква улога притоа не играло користењето на спортските градби по Олимпијадата. Хеберер меѓутоа четири години по Игрите забележал и еден позитивен развој во главниот град на Кина.

Jahresrückblick 2008 International August Feuerwerk in Beijings Vogelnest

„Животната средина и нејзината заштита играат значително поголема улога во медиумите и во дискусиите во јавноста. Забележлив е поголем број протести за заштита на животната средина. Но, не верувам дека тоа е во врска со Олимпијадата. Но сепак, со Летините Олимписки игри е зајакната свеста за тоа дека животната средина е важна тема“, вели Хеберер.

Во политичка смисла Олимпијадата меѓутоа не донесе видлив пресврт, додава експертот од Дуизбург. Активистите за човекови права исто така сметаат дека политички се нема ништо променето во Кина. Медиумите додуша за време на Олимпијадата беа послободни, а беше и полесен пристапот до странски медиуми во Кина, но сето тоа траеше многу кратко. Цензурата денес е многу построга од кога и да било порано, нагласуваат кинеските активисти.